Еве што велат метеоролозите

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет.

 

Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина до 80 км/час.

Дневната температура ќе се движи од -5 до 2 степени Целзиусови.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.